КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеС О О П Ш Т Е Н И Е |
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното: С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за Предлог планот - ДУП за Урбана заедница 7, дел од Урбан блок 7.2, општина Неготино (помеѓу улиците „Партизанска“ и „Даме Груев“) Граници на опфатот сe: на северосток, северозапад и запад граничи со улица„Партизанска“, а на југоисточната страна со улица „Даме Груев“. Опфатот е со површина од 4,69 ха. Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот - ДУП заУрбана заедница 7, дел од Урбан блок 7.2, општина Неготино (помеѓу улиците „Партизанска“ и „Даме Груев“), со технички број број 56/18 од септември, 2019 година, изработен од ДПТИ „УРБАН ПРОЕКТИНГ“ ДООЕЛ Велес, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино. Јавната анкета ќе трае 10 (десет) работни денови и тоа од 20.09.2019 година до 03.10.2019 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 25.09.2019 година во 12:00 часот во просториите на општина Неготино. |