КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеЈ А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа |
![]() |
![]() |
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 05.08.2019 година се објавува: Ј А В Е Н П О В И К до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Ангажирање на образовни и лични асистенти на деца со попреченост вклучени во редовна настава и асистенти на воспитувачи во групи за предучилишна возраст во рурални средини” за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделноза период од 9 (девет)месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино. Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно. За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино со цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош. Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата. На кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000,00 денари месечно , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица: -долгорочно невработени лица(над 12 месеци во евиденција,со предност на невработени лица над 5 години) -млади лица до 29 години -лица постари од 50 години -лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност -лица кои биле корисници на програмата условен паричен надоместок за средно образование - лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа - жртви на семејно насилство -лица со попреченост -жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници - лица припадници на ромската етничка заедница - самохрани родители -родители на деца со пречки во развојот -родители на 3 и повеќе деца Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на : -Образовен асистент во ООУ”Гоце Делчев”- Лицето треба да е со високо образование(Филозофски факултет,Филолошки,Приридно – математички или Педагошки – одделенска настава),да е евидентирано во Центар за вработување Неготино и да припаѓа на некоја од целните групи) -Личен асистент во ООУ “Страшо Пинџур”- Лицето треба да е со високо образование(Филозофски факултет,Филолошки,Природно – математички или Педагошки – одделенска настава,или со средно образование,да е евидентирано во Центар за вработување Неготино и да припаѓа на некоја од целните групи. -Образовен асистент во СОУ “Св. Кирил и Методиј”- Лицето треба да е со високо образование(Филозофски факултет,Филолошки,Приридно – математички или Педагошки – одделенска настава),да е евидентирано во Центар за вработување Неготино и да припаѓа на некоја од целните групи) Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино во периодот од 05.08.2019година до 16.08.2019 година, од 08:00 до 16:00 часот. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Неготино и избраните кандидати. Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Неготино кај лицето Кртева Слободанка, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино кај лицето Весна Манева, Центар за социјлна работа Неготино кај лицето Љубинка Давидова. |