КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеС О О П Ш Т Е Н И Е |
![]() |
![]() |
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежни парцели на КП 1383, 1372, 1384, 3845, 3846, 3847, 3848, 3849 , 3850, 3852,3874 дел од 3853 КО Долни Дисан согласно Општ Акт за село Долни Дисан, Oпштина Неготино Граници на опфатот сe: од северната страна граничи со катастарски парцели кои претставуваат градежно неизградено земјиште, додека од источната, западната и јужната страна граничи со улици кои се дефинирани со општиот акт за село Долни Дисан. Пристап во парцелите е обезбеден од западната страна. Опфатот е со површина од 4,05 ха. Јавната анкета и јавната презентација за архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежни парцели на КП 1383, 1372, 1384, 3845, 3846, 3847, 3848, 3849 , 3850, 3852,3874 дел од 3853 КО Долни Дисан согласно Општ Акт за село Долни Дисан, Oпштина Неготино, со технички број 04-191/2019 од јули 2019 година , изработен од „ПАРАМЕТАР“ дооел, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино. Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 31.07.2019 година до 07.08.2019 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 01.08.2019 година во 14:00 часот во просториите на општина Неготино. |