КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеСедница на Совет на општина Неготино 25.07.2019 година |
![]() |
![]() |
Врз основа на чл. 2 од Законот за локална самоуправа Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дваесет и осматта редовна седница на Советот на општина Неготино. Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 25.07.2019 година (четврток ) во 12,00 часот. За седницата го предлагам следниот Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Предлог- Одлука за одобрување на дополнителен финансиски придонес на Општина Неготино за проектот ,,Вински , Апи и Еко туризам во Неготино и околината,, 2. Предлог- Одлука за спроведување на проектот и превземање на обврска за надоместување на ДДВ за проектот ,,Изградба на дел од патниот правец с.Горни Дисан- Вешје,, 3. Предлог- Одлука за спроведување на проектот и превземање на обврска за надоместување на ДДВ и други кусоци и неприфатени трошоци за проектот ,,Основен проект за реконструкција на дел од улица во с.Тремник во должина од 1000м,, 4. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2019 година 5. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура, спорт, и соработка со здруженија и фондации за 2019 година 6. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2019 година 7. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност за 2019 година 8. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2019 година 9. Предлог- Програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на општина Неготино за 2019 година 10. Предлог- Заклучок за усвојување на Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на општина Неготино за 2019 година( ребаланс) 11. Предлог- Одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на општина Неготино 12. Предлог- Одлука за донесување на општ акт за село Тимјаник општина Неготино 13. Предлог- Решение за разрешување и именување на членови на УО на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино 14. Предлог- Одлука за доделување на користење на простории во објект на месна заедница во с.Пепелиште, с.Војшанци, с.Тимјаник 15. Предлог – Одлука зa усвојување на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Неготино, Општина Кавадарци, Општина Росоман, Општина Демир Капија 16. Предлог- Одлука за доделување на користење на објект стара училишна зграда во с.Горни Дисан 17. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош 18. Предлог- Решение за доделување на финансиски средства |