Во недела (09.06) од 13,00ч. во центарот на Неготино ќе има изменет режим на сообраќај PDF Печати

  Општина Неготино ги информира граѓаните од општината дека во недела на 9-ти јуни поради одржувањето на манифестацијата „Negotino off festival 2019“ во центарот на градот со почеток од 13,00 часот па се до завршувањето на настанот ќе има изменет режим на сообраќај. Имено, во споменатиот период ќе важи забрана за движење на возила на потегот од семафорите до раскрсницата со ул„Гоце Делчев“ пред зградата на општина Неготино, како и паркирање на возила на овој потег. Се замолуваат моторизираните граѓани во недела од 13,00 часот, но и пред тоа, да не ги паркираат своите возила на овој потег и да овозможат слобода и комодитет во движењето на пешаците, односно на многубројните посетители од нашата и други општини кои се очекува да присуствуваат на фестивалот чие одржување ќе кулминира со настапот на балканската музичка sвезда Саша Ковачевиќ.