КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеЌе се казнуваат несовесните граѓани кои фрлаат отпад на несоодветни места за тоа |
![]() |
![]() |
There are no translations available. Од локалната самоуправа ги информираат граѓаните на општина Неготино дека е започната координирана активност за интензивно присуство на комуналните редари на терен, нивно интервенирање и изрекување соодветни казнени мерки за секое лице кое ќе биде затекнато како фрла отпад на несоодветни места за тоа, односно на диви депонии и локации надвор од градот. Се апелира до населението, доколку имаат потреба, отпадот да го носат на соодветна локација за тоа,а за помош и поддршка слободно можат да се обратат до општинските комунални редари. Исто така, со цел за елиминирање на појавата на неконтролирано исфрлање на отпадот, се апелира до граѓаните ако забележат, да пријават фрлање на отпад на несоодветна локација и доколку се во можност тоа да го документираат со фотографија. Секој граѓанин може да пријави неправилности на телефонските броеви на општинските комунални редари 078/484-953 и 078/213-814 кои ќе излезат на терен, ќе ја согледаат фактичката состојба и доколку е потребно, ќе преземат соодветни дејства и ќе изречат казнени мерки.
|