КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеДенеска (вторник 13.03.) редовна седница на Советот на општина Неготино |
![]() |
![]() |
There are no translations available. Со почеток од 16,00 часот Советот на општина Неготино ќе ја одржи 8-та по ред седница на која на дневен ред ќе се најдат 17 точки за разгледување. Меѓу другото, советниците ќе расправаат по предлог решенијата за годишниот план за вработување на библиотеката Страшо Пинџур, основното училиште Гоце Делчев, музичкото училиште Владимир Арсовски, средното училиште Св. Кирил и Методиј и извештајот за работа на Отворениот граѓански универзитет за доживотно учење Неготино. На дневен ред ќе се најдат и предлог-одлуки од областа на урбанизмот, предлог-решенија за финансиска поддршка на клубовите и здруженијата од нашата општина, предлог-заклучокот за усвојување на извештајот за извршувањето на програмите на општината за минатата година, како и заклучокот за усвојување на годишната сметка на Буџетот на општина Неготино за 2017-та година. |