КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеС О О П Ш Т Е Н И Е |
С О О П Ш Т Е Н И Е за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог план - ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.2 и УЗ 7 дел од УБ 7.3, КО Неготино, помеѓу улиците „Цандо Кожинков“, ул.„Климентова“, ул.„Никола Карев„ ул.„Ленинова„ и ул.„Даме Груев“, Општина Неготино Граници на опфатот сe: на север улица "Цандо Кожинков", на исток улица „Климентова“ , на југоисток улица „Никола Карев“, на југозпадната страна улица "Ленинова" и на северозапад е улица „Даме Груев“. Опфатот е со површина од 7,72 ха. Јавната анкета и јавната презентација по Предлог планот - ДУП за УЗ 6 дел од УБ 6.2 и УЗ 7 дел од УБ 7.3, КО Неготино, помеѓу улиците „Цандо Кожинков“, ул.„Климентова“, ул.„Никола Карев„ ул.„Ленинова„ и ул.„Даме Груев“, Општина Неготино, со технички број 04-336/2017 од јануар 2018 година, изработен од ДПИГК „ПАРАМЕТАР“ - Скопје, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на општина Неготино. Јавната анкета ќе трае 10 (десет) работни денови и тоа од 05.02.2018 година до 16.02.2018 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 15.02.2018 година во 13.00 часот во просториите на општина Неготино. |