КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеВо среда (29.11.) ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино |
![]() |
![]() |
There are no translations available. Претседателот Диме Витанов за во среда ,29-ти овој месец, свика одржување на редовна седница на Советот на општина Неготино која ќе започне од 18,00 часот со 18 точки на дневен ред за разгледување од страна на советниците. Меѓу другото, на дневен ред ќе се најдат повеќе предлог-програми и тоа за енергетска ефикасност, за изработка на урбанистички планови, за заштита на животната средина, за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино, предлог-програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на нашата општина, како и предлог-програмите за локален економски развој, за социјална заштита, образование, спорт, култура и здруженија и фондации. На дневен ред ќе се најде и предлог-оперативниот план за дејствување во зимски услови на јавни претпријатија и установи основани од општината во 2017/2018 година, како и други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино. |