КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ
КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ ОПШТИНА НЕГОТИНО 2022Кодекс за административни службеници
Кодекс за административни службенициПрограма за ЕЕ
Програма за енергетска ефикасностБарање за надоместок за новородено дете
Барање за надоместок за новородено детеЈАВЕН ОГЛАС |
![]() |
![]() |
There are no translations available. Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2017 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 15.09.2017 година се објавува: Ј А В Е Н О Г Л А С до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект „Продолжување на социјалните услуги за предшколски деца во постојните игрални во руралните средини во општина Неготино и социјални услуги во Дневен центар за стари лица во с.Тимјаник“ за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош. За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување. Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица: - Невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на : - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Тимјаник - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Пепелиште - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Тремник - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Војшанци - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Ц.Брегови - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Криволак - Асистент – помошник на воспитувач во игрална за предучилишни деца во с.Д.Дисан - Асистент во Дневен центар за стари лица во с.Тимјаник Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино во периодот од 15.09.2017 година до 20.09.2017 година. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Неготино и избраните кандидати. Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Неготино кај лицето Слободанка Кртева, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино кај лицето Џеват Елмазов, Центар за социјлна работа Неготино кај лицето Љубинка Давидова. |