С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Print
There are no translations available.

Соопштение за организирање на Јавна анкета и Јавна презентација  за Архитектонско урбанистички проект за  оформување на градежна парцела на КП 2194 - дел, КО Криволак, согласно Општ акт за село Криволак, општина Неготино, намена А1- станбени куќи.
Граници на опфатот сe:  
- на север – КП 2189, КП 2191, КО Криволак
- на исток – КП 2194, КО Криволак
- на југ – пристапна улица, односно КП 2194, КО Криволак
- на запад – КП 2193/1, КП 2193/2, КО Криволак
Опфатот е со површина  од  0,108 ха.
Јавната анкета и јавната презентација на Архитектонско урбанистички проект за оформување на градежна парцела на КП 2194 - дел, КО Криволак, согласно Општ акт за село Криволак, општина Неготино, намена А1- станбени куќи,  со технички број   01-05/2017 од  мај, 2017 година, изработен од „АРХИКОНС“ Јован ДООЕЛ Кавадарци , ќе се спроведе со излагање на проектот  во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  08.08.2017 година  до 14.08.2017 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со архитектонско урбанистичкиот проект можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на архитектонско урбанистичкиот проект ќе се одржи на ден 10.08.2017  година  во  10.00 часот во просториите на општина Неготино.