ЛЕР и јавни дејности
ОБУКА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА НА ЛОКАЛНО НИВО PDF Печати

  Во организација на локалната самоуправа, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Лудвиг Болцман институтот од Австрија во Неготино се одржа дводневна обука на тема ,, Мониторинг, лобирање и имплементација на индивидуални и колективни човекови права на локално ниво ,,. На обуката која се одржа во ТИЦ ,, Желкова куќа ,, присутните се запознаваа со тоа што претставува и што е активното граѓанско учество и зошто е потребно истото, како граѓаните можат да и шпомогнат на локалната самоуправа во однос на развивањето на односите помеѓу граѓаните и општината, како и со можностите за подобрување на комуникацијата на локалната самоуправа со граѓаните. Обуката ја следеа и активно учество зедоа претставници на локалната администрација, невладините организации и други јавни установи.

Повеќе...
 
НЕДЕЛА НА ВИНО „СВЕТИ ТРИФУН 2012“ PDF Печати

  

                                                           А Г Е Н Д А

Недела на вино ,, СВЕТИ  ТРИФУН 2012 “

МОТО
,,СО ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ – ЗАЕДНО  ВО ЕВРОПА,,
,,Проект ,, Креирање на мрежа за Европско  вино, традиција, култура и експертиза ,, Програма ,, Европа за граѓаните 2007-2013,, ЕУ

 14.02.2012( вторник ) ,,СВ. ТРИФУН„ (Главен настан)
09:30-10:00 Ритуал на закројување во дворот на црквата ,,Свети Атанасие ,, Неготино,,
10:00-11:00 Отварање на мини – саем на вино – локални и регионални винарии – ТИЦ ,,Желкова куќа ,,
11:00-11:30 Фолклорно дефиле на локални и интернационални учесници – парада на потег на главна улица ,,Ацо Аџи Илов ,,  - Стара чаршија - плоштад
11:30-12:00 Отварање и посета на штандови на винарии на градски плоштад
( локални , регионални , заеднички и интернационални штанд)
12:00-14:00 Благослов  и  богата културно – уметничка програма на бина – фолклорни ансамбли ( Неготино,Италија , Бугарија , Словенија)
13:00-13:30 Доделување на награди за наградените учесници во натпреварите (индивидуални производители и  винарии – локални и интернационални ) и  благодарници за учесниците во  фолклорната програма .
14:30 Организиран ручек за делегациите – пикник ,,НЕГОТИНСКА ПИТА и ВИНО,,  со услуги од локални ресторани во манастирски комплекс/чардаци
15:00 Организиран ручек за учесници во  фолклорна програма –пикник ,, НЕГОТИНСКА ПИТА ,, - со услуги од локални фурнаџии и ресторани – манастир трeпезарија
21:00 Организирана вечера за делегациите и  учесниците

 

Повеќе...
 
ЗАПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ,,СВ. ТРИФУН ,, PDF Печати

   Општина Неготино ги започна подготовките за што е можно подостојно и поквалитетно одбележување на верскиот празник ,, Св. Трифун ,, - заштитникот на лозарите и винарите. Годинашнава организација на празникот ќе биде подигната на повисоко интернационално ниво и тоа преку реализирање на проектот ,, Креирање на мрежа на Европска винска традиција, култура и експертиза ,, преку програмата ,, Европа за граѓаните ,,што претставува трети по ред проектен настан на кој домаќин е општина Неготино. Овој проектен настан ќе се реализира во рамките на одбележувањето на ,, Неделата на виното – Св. Трифун 2012 ,, под мотото ,, Со традиционалните вредности – заедно во Европа ,,. Во текот на организирањето на активностите предвидено е во Неготино да престојуваат околу 200 интернационални учесници, додека од нашата општина учество ќе земат претставници од винариите и бизнис-секторот, од разни културни, воспитно-образовни институции, претставници од здруженија, индивидуални учесници- сето според потребите на организацијата. Проектниот настан ќе се одржува од 08. 02. до 18. 02. 2012 година и ќе трае десет дена, додека централната манифестација по повод ,, Св. Трифун ,, ќе се одржи на 14-ти февруари.

 

 

Повеќе...
 
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД НЕГОТИНО ВО ПОСЕТА НА ПОПОВО – БУГАРИЈА PDF Печати

   Општина Попово беше домаќин на активностите од вториот проектен настан на тема ,, Европски ракотворби во руралниот туризам-важен декор за винската маса, Презентација и работилница за креирање на ракотворби и натпревар Највештиот готвач на домашна храна ,, од проектот ,, Креирање на мрежа на Европска винска традиција, култура и експертиза ,, од програмата Европа за граѓаните 2007-2013 година. На овој интернационален настан се претставија по 12 учесници од Неготино – Македонија и Минервино Ди Лече – Италија, како и 15 учесници од градот домаќин Попово – Бугарија, со тоа што групат од нашиот град се состоеше од претставници на институции, установи, здруженија и фирми.

Повеќе...
 
Проекти во кои учествува општина Неготино преку Вардарски Плански Регион PDF Печати
Проекти во кои учествува  општина Неготино преку Вардарски Плански Регион поддржани од Биро за Регионален развој и други донатори
 
Проекти 2011-2012 PDF Печати
ОПШТИНА НЕГОТИНО-Проекти  имплементирани 2011 и во тек до март 2012
 
Стратегија за социјално вклучување, социјална заштита и намалување на сиромаштијата во Општина Неготино PDF Печати

Стратегија за социјално вклучување, социјална заштита и намалување на сиромаштијата во Општина Неготино

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 19 од 21
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 225 гости присутни