ЛЕР и јавни дејности
НЕГОТИНО СО СЕРТИФИКАТ ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА ,, ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦИТЕ ,, PDF Печати
   На пригодна свеченост одржана во хотелот ,, Холидеј Ин ,, во Скопје, од страна на организаторите на градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков му беше врачен сертификат за учество  на локалната самоуправа во програмата ,, Форуми во заедниците ,,. Станува збор за програма која има за цел да го поддржи процесот на децентрализација во Република Македонија и да им овозможи на граѓаните да учествуваат во развојот на локалните заедници, преку давање сопствени идеи и учество да придонесат за подобрување на сопственото секојдневие, а администрацијата се стекнува со можност да развива локално управување преку учество, одговорност и доверба. Вториот циклус од третата фаза на програмата ,, Форуми во заедницата ,, ќе се реализира во 2012/2013 година со вклучување на 24 општини, меѓу кои и локална самоуправа Неготино. Вкупниот буџет изнесува 85.875.000 денари од кои 41.700.000 се учество на општините, а 44.175.000 се донација од Швајцарската агенција за развој и соработка. Проектот што се спроведува во општина Неготино изнесува 4,8 милиони денари со подеднакво финансиско учество на локалната самоуправа и донаторот.
Повеќе...
 
СЕ ОДРЖА ПРВАТА СЕСИЈА ОД ,, ФОРУМОТ НА ЗАЕДНИЦИТЕ ,, PDF Печати

   Со одржувањето на првата форумска сесија, започнаа конкретните активности од проектот Форуми на заедницата што заеднички го спроведуваат општина Неготино и невладината организација Алка која е имплементатор на Швајцарската агенција за развој. Стотина заинтересирани граѓани зедоа активно учество на почетокот од процесот на одлучување за тоа што е приоритет за реализација со средствата од проектот. Колку за потсетување, локалната самоуправа и невладината Алка имаат подеднакво учество од по 2,4 милиони денари, а конечниот збор околу утврдувањето на приоритетот ќе го имаат самите граѓани на општина Неготино. Општината излезе со три прелог-проекти за реализација – реконструкција на градскиот плоштад во Неготино, изградба на канализациона мрежа во населените места во општината и управување со сметот во руралните средини. Основна цел на проектот е преку искажани мислења и дадени предлози и сугестии од страна на учесниците на форумските сесии да се утврди кој проект е најцелисходно да се реализира, а конечниот збор за тоа да го имаат самите граѓани низ една крајно демократска процедура. Планирано е одржување на пет форумски сесии, утврдување на приоритетот за реализација,а конкретните активности на терен планирано е да завршат до септември, наредната година.

Повеќе...
 
ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ПРОЕКТОТ ,, ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА ,, PDF Печати

  СО ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ОД СТРАНА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ПАНЕ ТРАЈКОВ И ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ ,, АЛКА ,, ОД СКОПЈЕ ЖАРКО ЏИПУНОВ КОЈА Е ФИРМА ИМПЛЕМЕНТАТОР ВО ИМЕ НА ШВАЈЦАРСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ И СОРАБОТКА, ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРВАТА ФАЗА ОД ПРОЕКТОТ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА.  ВКУПНАТА РАСПОЛОЖЛИВА СУМА ИЗНЕСУВА 4,8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, СО ПОЛОВИЧНО ФИНАНСИСКО УЧЕСТВО НА ПОТПИСНИЦИТЕ НА ДОГОВОРОТ. ОПШТИНА НЕГОТИНО ИЗЛЕГУВА СО 3 ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ И ТОА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД, УПРАВУВАЊЕ СО СМЕТОТ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА И ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ, НО СЕПАК КАКО ВРВ НА ДЕМОКРАТСКОТО ОДЛУЧУВАЊЕ, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ БИДАТ ТИЕ КОИ ЌЕ ОДЛУЧАТ ЗА КОЈ ПРОЕКТ ДА СЕ УПОТРЕБАТ ПАРИТЕ.  ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД СЛЕДУВА ОДРЖУВАЊЕТО НА ФОРУМСКИТЕ СЕСИИ НА КОИ ЌЕ СЕ УТВРДУВА ПРИОРИТЕТОТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА, А ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ИСТИТЕ И ИЗБОРОТ НА ИЗВЕДУВАЧ, ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ТРЕБА ДА ЗАВРШАТ ВО РОК ОД 6 МЕСЕЦИ.

Повеќе...
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО НА РАДОВИШ ЕКСПО 2012 PDF Печати

  Во рамките на одржаниот саем  на Региони во Југоисточна Европа во период од 07 до 09 Јуни 2012 година во Радовиш , на покана од општина Радовиш свој придонес , учество и презентација  во рамките на програмата на организираниот саем даде Вардарскиот плански регион во чии рамки се претстави и општина Неготино.
Вардарскиот плански регион и општина Неготино, реализираа претставување  во рамките на Програмата ,,Радовиш Експо 2012” кој се состоеше од два дела – Изложбено саемско претставување на регионите (општините) и Претставување на Централна презентација ,,Форумски панели”.

Повеќе...
 
ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ- ПРОЕКТИ - ЛУДВИГ БОЛЦМАН ИНСТИТУТ PDF Печати

Повик за доставување на предлог проекти 2012

Предлог проект

Предлог буџет

 
СЕ ЗБРАТИМИЈА ОПШТИНИТЕ НЕГОТИНО И МИНЕРВИНО ДИ ЛЕЧЕ PDF Печати

   Домаќин на четвртиот и последен настан од проектот ,, Креирање мрежа за европска винска традиција, култура и експертиза ,, беше општина Минервино ди Лече - Италија каде што главни теми за реализација беа организирањето на форум на тема ,, Европски вински патишта ,, прослава на Денот на Европската унија, организирање на мал саем на домашно вино од сите учесници на настанот, а во рамките на саемот се организираше натпревар во бели и црвени вина на индивидуални производители, претставување на типични производи на храна од учесниците, како и организирање други активности. Централен настан беше потпишувањето на договорот за збратимување помеѓу општина Неготино и општина Минервино ди Лече, а чинот на потпишување и официјализирање на договорот го реализираа градоначалниците Пане Трајков и Еторе Каропо. Делегацијата од општина Неготино ја сочинуваа претставници од општинската администрација, од Советот на општината, претставници од бизнис-секторот винарии, ресторани, производители на храна, претставници од јавни установи, како и од Здруженија на граѓани. Општинската делегација обезбеди и во Италија понесе и обемен пропаганден материјал, мостри од вино и храна, како и други промотивни материјали кои има беа поделени на останатите учесници на настанот.

Повеќе...
 
ПРОГРАМА „ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА„ - ОГЛАС ЗА КО - МОДЕРАТОР НА ФОРУМИТЕ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
Оглас за КО-МОДЕРАТОР Општина Неготино
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Следно > Крај >>

Лист 18 од 21
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 29 гости присутни