ЛЕР и јавни дејности
,,НЕДЕЛА НА ВИНОТО-Св.Трифун 2014,, PDF Print
There are no translations available.

   
  
 
НЕГОТИНО ИЗРАБОТУВА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА ,, МАРЕНСКИ ПОРОИ ,, PDF Print
There are no translations available.

   Одговорните во локалната самоуправа подготвија предлог-проект за изработка на техничка документација за Индустриската зона УЗ8-Маренски порои во рамките на апликацијата на Вардарскиот плански регион за потребите на регионалниот развој кој се аплицираше во ГИЗ РЕД и кој беше одобрен од страна на надлежните. Со средствата од проектот се предвидува изработка на техничка документација која ќе содржи проект за инфраструктура, основен проект, елаборат за влијанието на животната средина и ревизија на основниот проект. Се очекува потоа да се пристапи кон инфраструктурно уредување и довршување на оваа многу атрактивна индустриска зона за која постоеше и постои интерес од досегашни и потенцијални инвеститори. Површината на севкупниот опфат третира површина од 16 хектари со расположливи 63 локации за изградба на објекти во правец на развој на стопанството и локалниот економски развој.Поддршката на ГИЗ РЕД за реализацијата на овој регионален проект изнесува 50.000 евра.

Read more...
 
ЈАВЕН ОГЛАС PDF Print
There are no translations available.

                     До
Невработени евидентирани лица
кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот
1.    Се повикуваат невработените евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд и од другите ранливи категории,кои се заинтересирани за ангажирање во сферата на социјалната заштита за потребите на граѓаните од Неготино, да се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување на АВРМ – Неготино во периодот од 21.10-25.10.2013( 5 работни дена).

Read more...
 
НОВИ ИГРАЧКИ И ДИДАКТИЧКИ МАТЕРИЈАЛ ЗА 7-ТЕ ИГРАЛНИ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино продолжува со подршката за функционирање на игралните за деца од предучилишна возраст во 7-те рурални средини, при што се изврши и дотур со нови играчки и потребните количини на дидактички материјал за игралните со што се создадени сите услови за непречено организирање и реализирање на воспитно-образовната работа. Од финансиски аспект локалната самоуправа Неготино за функционирањето на овој сервис ги покрива и платите за ангажираните 7 воспитувачки. Овој вид на услуга се покажа како многу корисен бидејќи досега се опфатени вкупно 120 деца во руралните средини и истиот ќе продолжи и во иднина, за што поддршка е добиена и од Министерството за труд и социјална политика со превземање во еден дел на 3 од постојните 7 игрални. Концептот предизвика интерес и кај УНДП кој проектот го прифати во делот на општинско корисни вработувања, па мошне скоро се очекува работно ангажирање и на дополнителни 7 лица асистенти на постојните воспитувачи.

Read more...
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО ОБЕЗБЕДИ 47 КОНТЕЈНЕРИ ЗА ИНДУСТРИСКИ И КОМУНАЛЕН ОТПАД PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино обезбеди и на ЈП Комуналец му стави на располагање 47 поцинковани контејнери наменети за собирање на индустриски и комунален отпад произведени во фирмата Слобода-метал кои се наменети и ќе бидат распоредени во руралните средини во општината. Бројот на расположливите контејнери е утврден по соодветна методологија и согалсно истата направен е распоред истите да се постават во селата Долни Дисан, Тимјаник, Тремник, Војшанци, Пепелиште, Криволак, Црвени Брегови, Курија и Дуброво во зависност од бројот на жители. Следуваата состаноци со претставници на месните заедници од споменатите 9 населени места заради утврдување на соодветни локации за поставување на контејнерите со што ќе се создадат услови за отпочнување со собирање на сметот во населените места и остварување на крајната цел на проектот за почиста животна средина и околина. Инаку, предходно покрај контејнерите, со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и општина Неготино се изврши набавка на ново возило за собирање на смет кое веќе е дадено на користење на ЈП Комуналец.

Read more...
 
Одржана средба помеѓу општина Неготино и општина Алмопиа, Р.Грција за третиот повик за преку гранична соработка ИПА PDF Print
There are no translations available.

   Во општина Неготино се одржа средба помеѓу претставници од општина Неготино и претставници од општина Алмопиа, Р.Грција во врска со третиот повик за поднесување на проекти во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција. На одржаната средба претставниците од двете општини  изразија задоволство од можноста што ја нуди ИПА Програмата со убедување дека активно ќе ги искористат расположливите средства преку заеднички предлог проект ,,Подршка и развој на пчеларството во преку-граничната област,,.

Read more...
 
СООПШТЕНИЕ PDF Print
There are no translations available.

На ден 04.07.2013 г. (Четврток) во 18:00ч. во Просториите на Ресторан ,,Рубико” ќе се одржи Шестата Форумска сесија по Програмата -,, Форуми во заедницата” во општина Неготино,  на која ќе бидат презентирани постигнатите резултати по однос на проектот ,,Управување со отпадот во руралните средини на општина Неготино,,.
 
<< Start < Prev 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Next > End >>

Page 15 of 21
Banner

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Banner

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

We have 26 guests online