РАБОТИЛНИЦА ЗА ИПА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА СО ГРЦИЈА PDF Печати

    Раководителот на одделението за Локален економски развој во општина Неготино Лолита Ристова присуствуваше на средба ИНТЕРРЕГ IV во Солун –Работилница за првиот повик за ИПА прекугранична соработка Грција-Македонија 2007-2013 што се одржа на 15-ти јули 2010.

Средбата се оствари во два дела.Воведни говори имаа:

Еврo амабасадорот за Македонија Ерван Фуере, а од Грчката страна претставници од Министерството за Економија и претставници на Управувачката канцеларија за техничка помош за прекугранична соработка.

 

 Во првиот дел беше направен рекапитулар за претходната прекугранична соработка,а исто така беше нагласена Целта 3 од  Европската територијална соработка  во рамките на Инструментот за Претпристапна помош- ИПА.Во овој дел  беа претставени целите , буџетот и програмските структури за Програмата ИПА за Прекугранична соработка Грција –Македонија за периодот 2007-2013.

Во вториот дел беше организирана работилница во врска со Првиот повик за предлог проекти кој се очекуваат до крајот на јули или половината на август 2010.

На работилницата беа  претставени апликативните процедури, прирачниците и целокупниот апликативен пакет.Сите учесници добија информативен пакет кој ќе биде користен како помошна алтка во текот на подготовките за аплицирањето.

Средбата  беше одлична можност за контакти и договори за следните чекори со веќе постоечките партнери на општините од Македонија со општините и консултантските компании од Грција.

                                                     

 

 
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 29 гости присутни