ЈАВЕН ОГЛАС PDF Print
There are no translations available.

ЈАВЕН ОГЛАС

за

Работно ангажирање на невработени лица-активни баратели на работа

1.     Се повикуваат невработените евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд и од другите ранливи категории,кои се заинтересирани за ангажирање во сферата на социјалната заштита за потребите на граѓаните од Неготино, да се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување на АВРМ – Неготино во периодот од 15.05-22.05.2015( 8 дена).

2.     Ангажирањето во сферата на социјалната заштита е на определено скратено работно време со склучување на договор за работно ангажирање во период од 6 месеци за што ќе се исплаќаат по 6200,00 ден. за лице месечно за 20 работни часа седмично, со вклучени персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 

 

 

ЗаЗаинтересираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, може да се пријават за вршење на работи и работните задачи за 8 работни места  и тоа:

- 7 лица за обезбедување на социјални услуги преку zgri`uvawe на деца од предучилишна возраст како асистент – помошник на воспитувачот( во игрални за деца во населените места:Тимјаник,Долни Дисан,Војшанци,Тремник,Пепелиште, Криволак,Црвени Брегови)

-1 лице за обезбедување на социјални услуги за грижа за стари лица- асистент  во Дневен центар за стари лица во с.Тимјаник

Општи и посебни услови:

       -завршено гимназиско,средно стручно или друг вид на образование

       -со или без претходно работно искуство

      -да  е невработено и евидентирано во Центарот за вработување Неготино

      -да припаѓа на некоја од ранливите групи :

 млади лица до 29 години со ниски квалификации

  жртви на семејно насилство

 деца без родители и родителска грижа

  бездомни лица

  поранешни корисници на дрога

  родители на деца на улица

  самохрани родители

 

 Роми

 осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа

 невработени лица евидентирани во АВРМ

најмалку 1 година

 млади невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 6 месеци

 родители на деца со пречки во развојот

 родители на 3 и повеќе деца

    

-приоритет ќе имаат невработени лица од  руралните средини во кои фунционираат игралните и Дневниот центар за стари лица

Детални информации може да се добијат во општина Неготино 361-045 лок.123

( Одделение за локален економски развој) или во Агенцијата за вработување-Центар за вработување Неготино (361-799)

 

ОПШТИНА НЕГОТИНО

ГРАДОНАЧАЛНИК

 

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА-ЦВ  Неготино

 

                                                                           ЈУМ ЦЕНТАР ЗА  СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ НЕГОТИНО

 

 

 

 
Banner

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Banner

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

We have 226 guests online