Во Неготино се реализира проект „ПИЛОТ ВИНСКА ТУРА“ PDF Печати

   Во рамките на стопанско-туристичката манифестација- „Недела на вино Св Трифун 2015“ Општина Неготино  во деновите 13 и14 Февруари организира дводневна ПИЛОТ ВИНСКА ТУРА- во рамките на Проектот „Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија“ финансиран од УНИДО
Учесници во оваа тура беа претставници од охридскиот туристички кластер, претставници од канцелариите на УНИДО од Македонија и Црна Гора, претставници од Вардарскиот плански регион како и локални учесници, како и други гости на општина Неготино.
Во првиот ден од винската тура по сместувањето на групата од Охрид во конаците на манастирскиот комплекс,,Св Ѓорѓи,,се оствари  B2B средба преку  вклучување на учесници во натпреварот на  вина.Дневната тура  вклучи:
Посета  на гaлерија на вино во манастирот ,,Св. Ѓорѓи” каде беше  организиран
„Ден на виното Вранец“ потоа посета и љубезно гостопримство во винарската визба „ПОВАРДАРИЕ“.Следуваше посета на мултифункционален центар ,,Желкова куќа,,со обиколка на  „Старата чаршија“ и градскиот плоштад на Неготино каде учесниците имаа можност за мал одмор во кафе бар „АМАРО“ Следуваше посета на винаријата „ПОПОВ“ каде беше  организиран разглед на винаријата и професионална дегустација  на неколку вина, а беа дегустирании  локални брендови на храна и вино .Учесниците во турата ја посетија  копаничарската работилница „Стари занаети“ во Неготино, а присуствуваа и на отварањето на 11та копаничарска изложба на здружението „Стари занаети“ која се одржа во Музеј на град Неготино.

 

 

Домаќините на Музејот групата ја запознаа со поставките и збирките со кои располага оваа локална установа.За групата беше организирана традиционална вечера со кратка фолк програма во локалниот ресторан „ЧАРДАК“ во Неготино.
 Во вториот  ден од винската тура акцентот беше ставен на учество во централната прослава по повод „Св Трифун“ на градскиот плоштад во Неготино. Годинава за прв пат заеднички учествуваа претставници од нашиот и Охридскиот регион на заеднички штандови со локални производи и друг промотивен материјал ( „Неготинска пита“ подготвена од локалните пекари и ресторани и вино од нашите винарии, „Охридско Ѓомлезе и вино“ преку што беше направена промоција на туристичката понуда од двата региона).Посебно задоволство за учесниците во турата беше и доделувањето на  освоените награди од натпреварот на домашни и странски винарници.


За групата беше организирана посета  по повод „Св Трифун“ и во Демир Капија ,со посета на   Центарот „CENET“  и „Музејот на вино“
Втората   B2B средба за учесниците во турата   беше организирана во винаријата „БОВИН“ каде што учесниците имаа можност да остварат контакти во еден автентичен амбиент и истовремено да  дегустираат од вината на оваа винарија.Преку разглед на винаријата се запознаа и со производствениот капацитет  на оваа винарија .
За време на  централната манифестација беше спроведена анкета меѓу присутните на настанот, а за учесниците во дводневната тура следуваше евалуација  преку која се добија корисни сугестии, препораки, насоки,  се во правец на поголема промоција на оваа за нас мошне препознатлива манифестација.

 
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 227 гости присутни