Конзулатот на Република Унгарија во Македонија достави информативен материјал до општините од Република Македонија со цел истите да бидат достапни и проследени во јавноста.
Информативниот материјал се однесува на Програмата за Школарина на Унгарската Влада за Академската 2015-2016 година која објавува повик за стипендирање и поддршка на заинтересирани лица за Магистерски студии на 3 Универзитети во Унгарија кои ќе се спроведуваат на Англиски јазик во следниве области:
1.Животинска исхрана и безбедност на храната 2.Заштита на рaстенијата 3.Рурален развој и агробизнис
Подетално околу условите на повикот и начинот на аплицирање можете да се запознаете преку достапните документи на веб страната на општина Неготино www.negotino.gov.mk
-Опис на Програмата за школарина -Е-маил процедура за аплицирање 2015_Application_Form 2015_Hungary_Course_Description
|