ЈАВЕН ОГЛАС PDF Печати

                     До
Невработени евидентирани лица
кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот
1.    Се повикуваат невработените евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд и од другите ранливи категории,кои се заинтересирани за ангажирање во сферата на социјалната заштита за потребите на граѓаните од Неготино, да се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување на АВРМ – Неготино во периодот од 21.10-25.10.2013( 5 работни дена).

2.    Ангажирањето во сферата на социјалната заштита е на определено скратено работно време во период од 6 месеци за што ќе се исплаќаат по 6000 ,00 ден. за лице месечно за 20 работни часа неделно, со вклучени персонален данок и осигурување од повреда на работно место.
3.    Заинтересираните невработени лица од точка 1 на овој Јавен оглас, може да се пријават за вршење на работи и работните задачи за 7 работни места како Асистент – помошник на воспитувачот( во игрални за деца од предучилишна возраст во населените места:Тимјаник,Долни Дисан,Војшанци,Тремник,Пепелиште, Криволак,Црвени Брегови)
Општи и посебни услови:
-завршено гимназиско,средно стручно или друг вид на образование
-Со или вез претходно работно искуство
-Да биде невработено и евидентирано во Центарот за вработување Неготино
-Да припаќа на некоја од ранливите групи
Детални информации може да се добијат во општина Неготино 361-045 лок.123 или во Агенцијата за вработување-Центар за вработување Неготино.

 
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 113 гости присутни