Програма,,Форуми во заедницата,,Проект –Управување со отпадот во руралните средини во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

  Деновиве во општина Неготино потпишани се Договорите за набавка на возило за собирање на смет  и набавка на контејнери, согласно Грантот на  Швајцарската агенција за развој и соработка-СДЦ и  учеството  на општина Неготино , а во рамките на Проектот –,,Управување со отпадот во руралните средини во општина Неготино,,
Имено со овој Грант во вкупна висина од 5.360,000 денари ќе биде обезбедено возило за собирање на комунален смет од руралните средини на општина Неготино .Согласно најповолната понуда вредноста на возилото изнесува 4.472.000,00 денари и истото ќе биде набавено преку избраниот понудувач  ,,ЕРКА БМЦ 2007,, Охрид.
Исто така во рамките на проектот ќе бидат изработени  и обезбедени вкупно 47 контејнери  за комунален и индустриски отпад од 1,1м3  од страна на најповолниот понудувач Фабрика ,,Слобода,,АД Неготино со вкупна вредност од 696.200,00 денари.
По испораката на возилото и доставата на контејнерите општина Неготино во соработка со ЈП,,Комуналец,,Неготино како краен корисник на целата опрема , ќе организира распоред и поставување на одреден број на контејнери во планираните населени места согласно пресметките во однос на населеноста.Исто така ќе бидат утврдени   најпогодни локации со секоја од месните заедници за поставување на контејнерите.
На тој начин во наредниот период се планира да отпочне организирано собирање на сметот во руралните средини, за што во следниот период ќе бидат утврдени дополнителни пресметки  за наплата од локалното население,во однос на услугата која ќе треба континуирано ЈП,,Комуналец,,да ја врши кон секое од населените места.
Преку Програмата,,Форуми во заедницата,, уште еднаш се потврди дека граѓаните ги знаат секојдневните проблеми со кои се соочуваат и може да понудат соодветни решенија за истите, што всушност се потврди преку овој проект.
 

 
Banner

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Banner

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

We have 120 guests online