ОПШТИНА НЕГОТИНО НА РАДОВИШ ЕКСПО 2012 PDF Печати

  Во рамките на одржаниот саем  на Региони во Југоисточна Европа во период од 07 до 09 Јуни 2012 година во Радовиш , на покана од општина Радовиш свој придонес , учество и презентација  во рамките на програмата на организираниот саем даде Вардарскиот плански регион во чии рамки се претстави и општина Неготино.
Вардарскиот плански регион и општина Неготино, реализираа претставување  во рамките на Програмата ,,Радовиш Експо 2012” кој се состоеше од два дела – Изложбено саемско претставување на регионите (општините) и Претставување на Централна презентација ,,Форумски панели”.


 Првиот програмски дел беше успешно реализиран со изложбено саемско претставување на регионите во Југоисточа Европа каде учество земаа претставници од Турција, Црна Гора, Србија и Региони од Македонија во чии рамки беше поставен и уреден  изложбен штанд на кој Вардарскиот плански регион и општина Неготино реализираа успешно презентирање на регионот и општината со свои информативни паноа, промотивни материјали и лица задолжени за промоција на истите, каде за секој посетител беше обезбеден пригоден рекламен материјал за промоција и презентирање на нашиот Регион.
Во вториот програмски дел беше успешно релизирано Форумско претставување на централна презентација ,,Форумски Панели”.
Свое учество покрај Турција, Црна Гора ,Србија зедоа и Регионите во Р.Македонија во чии рамки општина Неготино , реализираше успешно претставување на организираниот форумски панел: ,, Културна соработка и туризам во регионите од ЈИЕ,,  .Форумот беше воден и модериран од претставник на УНЕСКО а презентација и учество во панел дискусиите од општина Неготино имаше  Раководителот на Одделението за локален економски развој м-р Лолита Ристова  преку пренесување на  искуствата и придобивките од реализираниот проект,, Креирање на мрежа на Европска винска традиција, култура и експертиза”. од Програмата,,Европа за граѓаните 2007-2013,,
Од страна на Вардарскиот плански регион презентација и претставување на Регионот изврши Раководителот на Вардарски плански регион на Форумски панел на тема: ,,Земјоделие, рурален развој и регионален развој”.


   

 
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 139 гости присутни