ДЕЛЕГАЦИЈА ОД НЕГОТИНО ВО ПОСЕТА НА ПОПОВО – БУГАРИЈА PDF Print
There are no translations available.

   Општина Попово беше домаќин на активностите од вториот проектен настан на тема ,, Европски ракотворби во руралниот туризам-важен декор за винската маса, Презентација и работилница за креирање на ракотворби и натпревар Највештиот готвач на домашна храна ,, од проектот ,, Креирање на мрежа на Европска винска традиција, култура и експертиза ,, од програмата Европа за граѓаните 2007-2013 година. На овој интернационален настан се претставија по 12 учесници од Неготино – Македонија и Минервино Ди Лече – Италија, како и 15 учесници од градот домаќин Попово – Бугарија, со тоа што групат од нашиот град се состоеше од претставници на институции, установи, здруженија и фирми.

 Во практичната работилница за изработка на нови и довршување на постоечки изработки за декорирање на винската маса се изработија кутии за пакување на вино, постолја за салфети, декорации од природни плодови, како и техники и декорирање на стакло. Копаничарите пак довршуваат изработки на дрво со асоцијации за вино и грозје, а дел од учесниците работеа на плетење кошници за натамошно декорирање, како и поставување на амбалажа за вино и ракија.

 

     

Во категоријата  подготовка на солена  традиционална храна нашата сограѓанка Снежана Велјанова го освои третото место, а во категорија подготовка на слатка традиционална храна првото место, додека Валентина Димова во оваа категорија беше третопласирана.


         

 Локалниот координатор Магдалена Радева од Попово на сите 39 учесници на настанот им додели благодарници, а градоначалникот Пане Трајков на шефот во карвинг декорации од зеленчук и друг природен материјал Рафаеле Маџио му додели специјално признание од општина Неготино.

   

За време престојот во Попово од страна на домаќините беа организирани повеќе посети на познати археолошко-етнолошки комплекси и други објекти кои претставуваат важни ресурси во развојот на руралниот туризам во Попово, но и пошироко во регионот.

   

 

 

 
Banner

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Banner

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

We have 198 guests online