Реализран проектен настан во Кампулунг –Романија од 05-10,07,2011 PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на проектот,,Мрежа за спорт, култура и туризам,,преку програмата Европа за граѓаните , мерката ,,Мрежа на збратимени градови каде што општина Неготино е партнерска општина заедно со општина Берово, општина Кампулунг-Романија, општина –Повијат Трзебница-Полска, Две Могили-Бугарија и Попово-Бугарија како носител на проектот,во периодот од 5-10 јули 2011 беше организиран  петиот (5)по ред настан  со тема:
Интернационален Еко туризам и култура- Важни фактори за Регионален Европски Развој”.

 

На овој настан делегацијата од општина Неготино ја сочинуваа 6 лица;
1.Пане Трајков-Градоначалник на општина Неготино
2.м-р Лолита Ристова-Раководител на Одделение за развој
3.Лидија Костадинова-Соработник во Одделение за развој
4.Јане Мелов –возач од општина Неготино
5.Лупчо Михов-менаџер на винарија,,Малерич,,Неготино
6.Зоран Мицев-менџер на хотел и винарија,,Памела,,Неготино
Активностите реализирани за време на овој настан го имаа следниот тек;
Вторник 05.07.2011
Беше организирана вечера за добредојде за  делегациите од Mакедонија од општините  Неготино и Берово на едно место во присуство на локалниот координатор Марија Кристина Енеску и градоначалникот на општина Кампулунг: г-дин Калин Ион
Среда 05.07.2011
 Во салата на општина Кампулунг,  беше организирана официјална церемонија во општинската сала, на која беше отворен 5тиот настан од Проектот,,Мрежа за спорт, култура и туризам,,од програма Европа за граганите.Покрај домакините, во официјалниот дел Проектниот менаџер Магдалена Радева од Бугарија изврши кратко претставување на проектот нананзад за сите досега организирани настани во Неготино, Попово, Берово, Полска, и сегашниот во Камуплунг-РоманијаСите градоначалници напаравија претставување на делегациите и кратко видување за важноста на овој проект.Нашиот градоначалник г-дин Пане Трајков преведуван од Лидија Костадинова се обрати во име на делегацијата од општина Неготино.

Во официјалниот дел беше извршена и размена на подароци  помеѓу делегациите.
По кратаката пауза се продолжи со работниот дел на тема:
Форум со наслов-,,Еко туризам и култура- Важни фактори за Регионален Европски Развој”. Секоја од општините преку своја аудио-визуелна презентација и Филмувани материјали земаа учество во работниот дел.Од општина Неготино презентацијата согласано темата ја изврши м-р Лолита Ристова-Раководител на Одделение за развој ,која укажа на важните капацитети и потенцијали за култура, екологија и вински туризам, го пренесе искуството во десегашно спроедување на проекти слични на тековниот,беа претставени важни еко производи од ВПР  кои се потенцијални за брендирање, а беа дадени и одредени препораки и заклучоци како можни придобивки за понатаму.



Во техничка асистенција за време на презентацијата учествуваше и Лидија Костадинова  -Соработник од Одделението за развој .
Во третиот дел од денот следуваа Филмски проекции на тема
Интернационален Еко филмски фестивал- проекции на продукции кои учествувале во претходните изданија. Специјален гостин беше проф. Лука Николае, директор на Документот-Уметничкиот Интернационален филмски фестивал.Во проекциите беа претставени главно македонски, бугарски, полски и романски филмови,кои вклучуваа еко теми, туризам , традиции и култура. Проекциите, исто така, вклучуваа наградени продукции од претходните изданија.
Четврток 06.07.2011
Вториот работен ден од Интернационален Фестивал за Еко и културен туризам,започна со уредување на паноа со фотографии во холот на општинската сала на општина Кампулунг. Партнерските општини беа поканети да понесат 10 -15 фотографии поврзани со насловот на фестивалот.Секоја од делегациите самостојно ги уреди панота, а претставник од Советот на општина Кампулунг ја прогласи изложбата за отворена.


   

Во останатиот дел од денот сите учесници се префрлија во градскиот музеј на општина Кампулунг.Овде беше организирана изложба со дегустација кој вклучува: традиционални еко производи од партнерите: храна,пијалоци,музички инструменти,фолклорни костими, рачни изработки, изложени на специјално поставени места под тенда во градината на Музејот.
Општина  Неготино се претсатви мошне успешно со богато уреден штанд на кој ги претставувме производите  на двете винарии,,Малерич и ,,Памела,, , алвата и локумот на ,,Јадран,,Еко производи и рекламен материјал на,,Ековита,,.Исто така беа претсатвени и дегустирани потенцијални производи за брендирање од ВПР:домашен маџун,Демиркаписко козјо сирење,вино Вранец,Росоманска праска. Штандот содржеше домашна наутлија,Неготинска пита, домашен ајвар,.Свое важно место завземаа и експонати од Копаничарската работилница,,Стари занаети,,  а беа претставени и фолклорни инструменти и типична народна носија .Штандот беше брендиран со банер на општина Неготино и предизвика голем интерс  и посетеност.


Овде беа исто така посетени постојните  музејски поставки со етнолошки творби.Во поладневните часови беше посетен манастирот,,Небинесте,,

 Петок 08.07.2011
Во текот на денот беа извршени некои координации за административните потреби на проектот со останатите делегации.
Интернационалниот фестивал за Еко и Културен туризам- продолжи со посета на еколошки знаменитости, локација во близина на Кампулунг за мрестење и одгледување на пастрмка, каде беше организиран и Еко –пикник за учесниците преку организрана Кетеринг услуга.
 Во вечерните часови на градскиот плоштад беше отворена традиционална манифестација-панаџур, која општината во соработка со продукцијата,,ЕВОЛУШН,, ја имаше организирано како успешна туристичка манифестација со огромна посетеност и несекојдневно организирање на просторот и услугите на градскиот плоштад.Овде ние учесниците проследивме дел од програмата од разни пеачи и учесници.
Потоа следуваше организирана посетана на угостителски комплекс од огромен карактер кој пружа услуги за повеќе од 2000 гости за разни поводи.Овде беше организирана вечера и фолклорна програма од ,,Карпати,,Кампулунг

САБОТА  09.07.2011
Интернационален фестивал за Еко и Културен туризам продолжи со дирекна турнеја и маршутата од Кампулунг до вино музеј во Голести кој постои од 1966 ,на заложба на семејна иницијатива.
Тука беше презентиран периодот на феудализмот во Романија преку разни проекти во кои е презентирана традицијата од минатото со многу развиени елементи.Во музеј Голести,, се претставени 130 архитектонски споменици и 40,000 музејски парчиња.Во него е развиен концепт на Етно село со сите пропратни елементи. градбата на куките, разни додатоци,дрвени творби и орудија,земјоделски алатки,мебел од тоа време, фолклорни носии типични за оригинални месата.


Посетата беше проследена и со монторинг лице од Европската Комисија
Во вечерните часови беше посетен угостителски комплекс ,,Каза Кристина,,каде беше извршено и  официјална ретроспектива на настанот во Камупулунг и на претстојаната активност завршна за проектот,пред претставникот од Европската Комисија .На вечерата свое обракање имаше градоначалникот Пане Трајков а беше преведуван од Лолита Ристова.


Средбата беше искоростена и за поединечни контакти и запознавање и со други наши проекти пред претставникот на Европската Комисија.

НЕДЕЛА  10.07.2011
После доручекот во пансионот АМАДА, следуваше подготовка за заминување на делегациите.
 
Banner

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Banner

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

We have 215 guests online