Меѓуопштинска соработка Неготино - Демир Капија PDF Печати

   Започна реализација на проектот „Меѓуопштинска база на податоци за управување со животната средина и мониторинг, абдејтување и печатење на ажуриран ЛЕАП за општините Неготино и Демир Капија„
Согласно повикот за аплицирање на проектите од програмата за меѓуопштинска соработка- МОЦ на УНДП, општините Неготино и Демир Капија преку оделението за развој на општина Неготино на 15 Септември2010 година аплицира со проектот „ Меѓуопштинска база на податоци за управување со животната средина и мониторинг, абдејтување и печатење на ажуриран ЛЕАП за општините Неготино и Демир Капија„. Проектот е во делот на животната средина и истиот е одобрен од УНДП. Договорот за отпочнување на проектот го потпишаа градоначалниците на двете општини на 15 октомври 2010. Согласно овој договор од донаторот УНДП обезбедени се 500.000 денари кои ке се користат за спроведување на проектните активности за двете општини во две фази.
Исто така во рамките на проектот двете општини прифатија да учествуваат со 35.950 денари во добра и услуги и по 17.000 денари финансиски средства.

Во рамките на проектните активности согласно динамиката на проектот отпочнати се постапките за формалновоспоставување на МОС меѓу општините Неготино и Демир Капија. Оваа постапка за воспоставување на МОС се спроведува преку Советите , и преку усвојување на соодветните акти и е во финална фаза.
Со проектот ке бидат подобрени административните капацитети на вработените во двете општини во областа на животната средина преку современа компјутерска опрема, мерни инструменти за утврдување на бучавоста, ќе биде подготвен соодветен софтвер за база на податоци во делот на животната средина. Исто така проектот предвидува мониторинг и абдејтување на веќе постоечките Локални Еколошки Акциони Планови за двете општини и печатење на нови ажурирани документи од ваков вид.
Целта на меѓуопштинската соработка е истата да продолжи и по завршувањето на проектот за што се планира да биде подготвен и заеднички план и програма за следниот период.

 

 
Банер

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Финансиски индикатор

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Пребарување

Кој е онлајн

Има 231 гости присутни