СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
       По повод 8-ми ноември – Денот на ослободувањето на Неготино и оваа година во кино салата на Центарот за култура ,, Ацо Ѓорчев ,, се одржа традиционалната свечена седница на Советот на општина Неготино. На седницата присуствуваа актуелниот и поранешни градоначалници и претседатели на општината, советниците во Советот, претставници на организацијата на борци и членови на семејствата на загинати учесници во НОБ, парламентарни делегации од Собранието на РМ, претставници на збратимените градови со Неготино, како и други заинтересирани граѓани.
 
      Седницата ја отвори и присутните ги поздрави претседателот на Советот Ванчо Апостолов, а пригодно обраќање по повод празникот имаше градоначалникот на општината Пане Трајков кој истакна дека секојдневното присуство на граѓански идеи и иницијативи кај него внесува општимизам дека заеднички ќе се решат важните прашања и приоритети на сите граѓани на општина Неготино, нотирајќи го притоа решавањето на проблемот со водоснабдувањето како врвен приоритет на локалната власт. Меѓу останатите приоритети, градоначалникот го потенцираше решавањето на урбанистичките проблеми, излегувањето во пресрет на домашните и на странските инвеститори кои ќе бидат основа за забрзан локален економски развој, подобрувањето на условите за живот на граѓаните и искористувањето на европските фондови во насока на развојот на земјоделието и на руралните средини. На свечената седница беа доделени општинските признанија и наградата 8-ми ноември, а седницата заврши со културно – уметничка програм и настап на квартетот Еквилибриум.