ОТВОРЕН НОВИОТ ГРАЃАНСКИ УСЛУЖЕН ЦЕНТАР Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
  Градоначалникот на општина Неготино и евроамбасадорот Ерван Фуере го предадоа во употреба новиот Граѓански услужен центар сместен на приземјето во зградата на општината. Со спроведувањето на проектот СУДЕП досегашпниот информативен центар прерасна во Граѓански услужен центар кој функционира на принципот на едношалтерски систем, што пак значи примена на стандарди кои гарантираат подигнување на квалитетот на јавните услуги што ќе им бидат давани на крајните корисници – граѓаните. Граѓанскиот услужен центар е опремен со современа техничка опрема, мебел, компјутери и работни бироа, а инсталирани се хардвер и софтвер со реализирана обука за дел од администрацијата. Со ставањето во употреба на услужниот центар, граѓаните на општина Неготино можат сите потребни процедури и услуги да ги завршуваат на едно место во оваа канцеларија која им дава брзи, ефикасни и стандардизирани услуги, а не како досега за една работа да се упатуваат на неколку места. Со инкорпорирањето на овие современи стандарди во комуникацијата на општинските власти со населението, на прво место се става граѓанинот, бидејќи токму тој е и причината за постоењето на локалната самоуправа.