Клима Печати

Територијата на општината Неготино како дел од областа Тиквеш и Повардарие е под влијаније на медитеранската клима, која продира од југ преку Демиркаписката клисура и на континенталната клима, која продира од север преку Велешката котлина. Климата се карактеризира со:

-          просечна температура на воздух 13.5О Ц,

-           средна летна температура 24.7 ОЦ,

-          средна зимска температура 3.1ОЦ,

-          број на денови со температура под 0 ОЦ– 58 и температурна амплитуда 58.6ОЦ.

 Најстуден месец е јануари, со средна минимална температура од              1.4˚Ц, додека најтопли месеци се јули и август. Ова подрачје се карактеризира со многу мали количества врнежи, кое на годишно ниво просечно изнесува 450мм/м2. Просечна влажност 67%. Просечно годишно траење на сончевото зрачење изнесува 2230 часа. Најчести ветрови на овој простор се север и северо-западниот ветар.