Предлог – Програми за 2022 година на Општина Неготино Печати
   Почитувани граѓани,
Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации како и поголема транспарентност, Општина Неготино ги објавува Предлог – Програмите за 2022 година.
Затоа јавно Ве повикуваме сите да се вклучите во процесот на донесување на Програмите и Буџетот на општината за 2022 година, давајќи предлози, сугестии, решенија, идеи и препораки во одредени области на локалната самоуправа кои би учествувале во донесувањето на општинскиот Буџет за 2022 година.
Вашите идеи, сугестии, предлози и идејни решенија може да ги доставите на е-маил адресата на општина Неготино Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите како и телефонскиот број 043 361 045.
Целта на оваа активност е сите Вие да учествуваат во процесот на креирање на Буџетот на општината и да се алоцираат средствата во согласност со вашите потреби.
 
 


Предлог - Програма за јавни дејности
Предлог - Програма за комунални дејности 
Предлог - Програма за култура - спорт
Предлог - Програма за ЛЕР
Предлог - Програма за образование
Предлог - Програма за социјална заштита
Предлог - Програма за Урбанизам
Предлог - Програма за заштита на животната средина
Предлог - Програма за енергетска ефикасност