Одржан координативен состанок за доследно почитување на мерките и препораките за заштита и превенција од Корона вирусот во општина Неготино Печати
Денес во Општина Неготино градоначалникот Тони Делков заедно со директорот на ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино, началникот на ОВР Неготино, командир на ПС ОН Неготино одржаа координативен состанок на кој беше констатирано дека состојбата со Корона вирусот во општина Неготино во изминатиот период покажува зголемен број на заболени односно позитивни и лица во изолација.
Според информациите на одговорните до овој момент во општина Неготино има 28 позитивни случаи и 51 лице со издадено решение за изолација . Од самиот состанок произлегоа следните заклучоци, препораки и апел до граѓаните :
* Сите граѓани на општина Неготино максимално да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство и  Владата на Република Северна Македонија ;
* Да се намали движењето од една во друга општина односно непотребно да не се патува надвор од општина Неготино ;
* Во периодот што следи ќе има засилени контроли од страна на ОВР Неготино за непочитување на сите препораки и мерки од Министерството за здравство ;
*  Утврдено е дека банките, маркетите и градскиот пазар се најфрекфентните места каде има најмногу граѓани. Се апелира сите граѓани да ги почитуваат пропишаните мерки ;
* Да се избегнува непотребното одење до банките и почесто да се користи онлајн плаќањето и плаќање со платежни картички ;
* Сите јавни институции да се почитуваат дадените мерките за организирано временко работење ( во две смени, по пат на ротација или онлајн работење ) ;
* Сите јавни институции и приватни компании во општина Неготино да ја зголемат дезинфекцијата во своите објекти
* Апел до младите  да не се групираат во доцните часови и да избегнуваат групни посети во угостителски објекти. Да ги почитуваат мерките и после 23 часот да не се групираат ;
* Општина Неготино ќе започне со повторна дезинфекција на јавните површини ( улици ) ;

ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ !