Одржан редовен координативен состанок на Кризниот штаб на општина Неготино Печати
Кризниот штаб на општина Неготино oдносно општинско координативно тело, денес одржа редовен состанок на кој беа дискутирани но и донесени заклучоци, а кои се однесуваат на мерките и препораките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот во општина Неготино.
Согласно донесените нови одлуки од страна на Владата на Република Северна Македонија и продолжувањето на вонредната состојба во државата за нови 14 дена, Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Неготино ги разгледа состојбите на територијата на општина Неготино односно членовите на штабот дискутираа за нивото на почитување на мерките.
Согласно дискусиите беа донесени следниве заклучоци :
1.Угостителските објекти во општина Неготино досега доследно ги почитуваат протоколите и мерките за работа;
2. Во општина Неготино постојат појави кои се спротивни од се уште важечките одлуки за забрана за групирање и одлуката за носење на заштитни маски.
3. ОВР Неготино да ги засили конторолите и санкциите кон граѓаните кои ги прекршуваат забраните за групирање и одлуката за носење на заштита маска.
4.Во периодот што следи Општина Неготино ќе продолжи со редовната дезинфекција на градот и населените места.