Компанијата „Ким“ со втора донација за справување со корона вирусот Печати

  Продолжува одзивот на компаниите по повикот од општина Неготино за реализирање донации кои се распределуваат и доделуваат онаму каде што се најпотребни. Компанијата „Ким“ од нашиот град деновиве достави уште една, втора по ред, донација која содржи производи од нивната богата палета. Општина Неготино упатува јавна благодарност до оваа компанија за високото ниво на покажана општествена одговорност и информира дека донацијата ќе биде поделена на ранливите категории граѓани на кои во услови на пандемија помошта им е најпотребна.