Информација за најновите препораки од страна на Министерството за здравство |
Од денес е задолжително носење на лична заштитна опрема за носот и устата која може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично. Носењето е задолжително во сите затворени јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично. Носење заштитна опрема на отворено е задолжително на отворени пазари и секогаш кога не можете да одржувате минимална дистанца од 2 метри од најблиското лице до вас. Што значи практично ова? Заштитна опрема надвор не е задолжително ако: Заштитната опрема е значајна да го спречиме ширењето на вирусот, со неа се штитите себеси и сите околу вас. Да бидеме одговорни и заедно да го спречиме ширењето, од сите нас зависи! |