Општина Неготино заедно во соработка со компанијата „ Хем Алијанс “ од Неготино но и останати компании кои претходно донираа, подготви нови 150 пакетчиња со прехранбени производи кои ќе бидат доделени на најранливите категории на граѓани од општината. Печати
   Општина Неготино заедно во соработка со компанијата „ Хем Алијанс “ од Неготино но и останати компании кои претходно донираа, подготви нови 150 пакетчиња со прехранбени производи кои ќе бидат доделени на најранливите категории на граѓани од општината. Дел од истите денес беа поделени во населените места Црвени Брегови, Дуброво и Тимјаник.  На загрозени семејства кои живеат во близина на Куриски пат како и на Здружението на самохрани родители „ Надеж мит “ Неготино. Општина Неготино се заблагодарува на сите општествено одговорни компании кои несебично помагаат во овие тешки моменти во справувањето со Корона вирусот и воедно Ве информира дека и во следните денови ќе продолжи со активности за помош каде што е најмногу потребно.