„Sвезда-комерц“ со донација се вклучи во справувањето со состојбата со корона вирусот Печати

   Покрај многуте правни и физички лица кои се одзваа на апелот на општина Неготино да донираат за полесно справување со корона вирусот, а донациите беа распределени таму каде што се најпотребни, и фирмата „Sвезда-комерц“ од нашиот град со донација покажа општетствена одговорност. Имено, оваа неготинска фирма донираше медицински ракавици, заштитни наочари, работнички ракавици и заштитни маски, за што општина Неготино упатува јавна благодарност и ги поттикнува и останатите фирми кои досега не го сториле тоа да донираат. И оваа, како и предходните донации, ќе биде распределена онаму каде што ќе се оцени дека е најпотребна.