Затворени за употреба сите отворени детски игралишта, спортски терени во општина Неготино Печати

   Мобилните тимови од општина Неготино и денес се на терен. Ги затворија сите отворени детски игралишта, спортски терени, Спомен костурницата во општина Неготино. Реквизитите, влезовите на игралиштата и спортските терени се оградени со лента и сите отстапувања од препораките за не користење на овие места ќе се сметаат за непочитување односно граѓаните ќе бидат соодветно санкционирани од страна на ОВР Неготино;
Со оваа акција како општина преземаме дополнителни мерки за заштита од Корона вирусот, а воедно упатуваме апел граѓаните да се воздржат од користење на овие објекти, бидејќи само така ќе го заштитиме сопственото но и здравјето на сите граѓани од општина Неготино.