Извршена дезинфекција на сите улици во градот со цел за намалување и спречување на ширењето на Корона вирусот. |
Во текот на денешниот ден екипи на ЈП „ Комуналец “ Неготино, ТППЕ и волонтери од општина Неготино со своја расположлива механизација извршуваат дезинфекција на сите улици во градот со цел за намалување и спречување на ширењето на Корона вирусот. Во оваа акција се вклучени и механизации и екипи од фирмите „ АД Венец “ Долни Дисан , „ АД Црвени Брегови “ и „ Агро сервис 2000 “, на кои им упатуваме огромна благодарност за нивната несебична поддршка за справување со ситуацијата со КОВИД 19 во нашата општина.
|