Фирмата „Коди-ком“-Неготино со донација во вредност од 40.000 денари Печати

  Средства за лична хигиена, средства за дезинфекција на домовите и други неопходни работи за време на вонредна состојба донираше фирмата „Коди-ком“ од Неготино. Вредноста на донацијата изнесува 40.000 денари за што општина Неготино изразува јавна благодарност до донаторот и информира дека донираните производи ќе бидат дистрибуирани до ранливите категории граѓани на кои помошта во овие мигови им е најпотребна.