Општина Неготино обезбеди и подели заштитни маски за повеќекратна употреба Печати

   Со цел за поефикасно справување со пандемијата од Ковид 19 и превентивна заштита на здравјето на граѓаните, општина Неготино обезбеди и подели заштитни маски за повеќекратна употреба. Така, заштитни маски им беа доделени на вработените во ОВР Неготино, во Матичната служба, за потребите на припадниците на Противпожарната единица од нашиот град и вработените во Шумската полиција. Со цел за заштита на здравјето на населението, заштитни маски се делеа на граѓани на градскиот плоштад во Неготино, на возачите на авто-такси возила и на граѓаните кои пазаруваа од Кам маркетот.