ВОЛОНТЕРИТЕ ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО И ДЕНЕС СЕ НА ТЕРЕН Печати
   И покрај врнежите од снег и ладното време, волонтерите од општина Неготино меѓу кои и советниците од Советот на општина Неготино во текот на целиот ден се на терен.
По доставените пакети со средства за лична хигиена кои општина Неготино ги обезбеди и ги донираше за раливите категории на граѓани од населеното место Војшанци, тимовите денес се на терен и донираа пакети за социјално загрозените семејства од населеното место Пепелиште. Волонтерите и во следните денови ќе бидат на терен и хуманитарна помош ќе доделат и на загрозените семејства од населеното место Криволак.
Секојдневно екипи на ЈП „ Комуналец “ Неготино и граѓани – волонтери од општина Неготино се пунктовите на двата влеза во градот каде вршат дезинфекција на возилата кои влегуваат и транзитираат низ градот.
Уште еднаш упатуваме апел до сите компании од општината но и граѓани кои сакаат да помогнат во овие моменти за ранливите групи граѓани од нашата општина,  да донираат хуманитарна помош ( средства за лична хигиена, прехранбени производи и слично ), а донациите може да ги достават во Големата салата на Советот на општина Неготино .