Одржан втор координативен состанок за преземање на активности во општина Неготино за заштита и превенција од корона вирусот Печати

  Денес заедно со претставници од ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино, ОВР Неготино, претставници од Советот на општина Неготино, претставници од општинската администрација и ЈП „ Комуналец “ Неготино одржавме втор координативен состанок за преземање на активности во општина Неготино, а во рамки на препораките од Министерството за здравство за заштита и превенција од корона вирусот и се донесоа следните заклучоци:

 Изминатите денови општина Неготино подготви пропаганден материјал за заштита и превенција од корона вирусот и истиот беше соодветно поделен и закачен на повеќе локации во градот но и населените места во општина Неготино.
 Во текот на денешниот ден, општина Неготино обезбеди хуманитарна помош ( средства за лична хигиена ) за ранливите категории на граѓани од општината и истите им беа доделени. Во акцијата која денес беше спроведена во населеното место Војшанци, беа вклучени десетмина волонтери поделени во пет тимови меѓу кои беа и советниците од Советот на општина Неготино.
 Во текот на денот екипи на ЈП „ Комуналец “ Неготино, ТППЕ Неготино и волонтери од општина Неготино со своја расположлива механизација извршуваат дезинфекција на сите улици во градот со цел за поголема заштита , намалување и спречување во ширењето на корона вирусот.
 Поради состојбата и брзото ширење на вирусот од општина во општина , а со цел за заштита од истиот се преземаат превентивни мерки, односно во текот на денешниот ден се започна со акција за дезинфекција на сите возила кој ќе влезат во општина Неготино. Во оваа акција се вклучени екипи од ТППЕ Неготино, ЈП „ Комуналец “ Неготино како и волонтери од нашата општина.
ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино во текот на денешниот ден доби донација на заштитни скафандери, ракавици и наочари кои во овој момент му се најпотребни. Општина Неготино е во секојдневна комуникација со ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино и ОВР Неготино кои секојдневно известуваат за состојбата со граѓаните од општината кои се во самоизолација и апелираат граѓаните строго да ги почитуваат мерките и препораките од Министерството за здравство за заштита од корона вирусот.