Извршена е дезинфекција на улици, јавни површини и урбана опрема во општина Неготино Печати
   Со цел за заштита на здравјето на граѓаните во општина Неготино, а во рамки на препораките од Министерството за здравство на Р. С. Македонија, екипи од ЈП „ Комуналец “ заеднички со ТППЕ Неготино, денес но и изминатиот период извршуваат миење и дезинфекција на улици, урбана опрема, корпи за отпадоци на повеќе локации во град Неготино.
Во текот на денешниот ден извршена е и дезинфекција во населено место Војшанци, а во следните денови ќе се извршува дезинфекција и во останатите делови од градот но и населени места во општина Неготино.
Активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во општина Неготино се со цел да се подигне нивото на јавна хигиена, но и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот.