Во Неготино се дегустрираше храна готвена на соларна енергија Печати

   Голем број граѓани кои денеска беа присутни на градскиот плоштад имаа можност да ја посетат локацијата на која се готвеше храна на соларна енергија, а воедно и да пробаат од специјалитетите кои учениците ги подготвуваа. Имено, во организација на Здружението на граѓани Ековита, а во рамките на реализацијата на проектот Енпол-ЕЕ за потребите на СОУ„Св. Кирил и Методија“ беше организиран еднодневен натпревар за готвење на соларна енергија, а свопствените кулинарски вештини имаа можност да ги демонстрираат ученици од четири класа од неготинското средно општинско училиште. Тие на овој начин покажаа дека готвењето на храна може да биде и забавно, доколку тоа се прави на отворен простор и со користење на обновливи извори на енергија. Паралелно, со готвењето и дегустрирањето, локални компании кои работат на опрема за искористување на сончевата енергија, се претставија со свои производи.