СОУ„Св.Кирил и Методиј“ промовирано во енергетски ефикасно училиште Печати
   Во рамките на проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политиката на животна средина“ се одржа вториот информативен настан на кој СОУ„Св. Кирил и Методиј“ беше промоворано во енергетски ефикасно училиште. Во своето обраќање пред професорите, учениците и останатите присутни гости градоначалникот на општина Неготино Тони Делков го сподели задоволството од успешно завршените работи кои во летниот период интензивно се спроведуваа и со чија реализација за прв пат после 25 години од започнувањето со работа на училиштето  се создадоа услови за промоција на СОУ„Св. Кирил и Методиј“ како енергетски ефикасно училиште. Замената на постоечките прозорци со енергетски ефикасни, поставените панели соларни колектори, инсталацијата на цевки со автоматизација, на пумпи и бојлери, придонесе за значително подобрување на условите за непречено одвивање и следење на воспитно-образовниот процес за сегашните и идните генерации ученици кои овде се школуваат. Со интервенциите во спортската сала, која покрај учениците ја користат и бројни спортски екипи и рекреативци, се подобрени условите за спорт и рекреација во насока на создавање услови со здраво тело и здрав дух. Исто така, градоначалникот Делков јавно апелираше во наредниот период сите заедно да работат на изнаоѓање дополнителни средства за замена и на останатите прозорци и врати во ходниците и во холот на училиштето за целосно зајакнување на енергетската ефикасност. Присутните, но и пошироката јавност, беа информирани дека во рамките на истиот проект Енпол-ЕЕ за партнерот општина Неготино, во моментов се одвиваат интервенции за подобрување на енергетската ефикасност и во просториите на локалната самоуправа во зградата на општина Неготино, како и тоа дека општина Неготино ќе изврши замена на јавните светилки во градот и населените места со нови-лед технологија преку поставување на нови 1.410 штедливи светилки во цела општина. На информативниот ден свои обраќања имаа директорот на училиштето Драган Василев, координаторот на проектот Цветанка Ристова, беа дистрибуирани ЕЕ беџови и се одржа парада на учениците од училиштето до градскиот парк.