С О О П Ш Т Е Н И Е |
Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Нацрт- Урбанистички план за село Војшанци опфат 1 во Општина Неготино дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на: ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА По Нацрт- Урбанистички план за село Војшанци опфат 1 во Општина Неготино тех број 09/11 од фебруари 2012 год. изработен од Снегер Компани дооел Охрид е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 29-06 -2012 год. Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Месната заедница Војшанци во с. Војшанци Општина Неготино, 15 работни дена од 05-07-2012 до 25-07-2012 год. секој работен ден од 08до 16 часот. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од просторот, кои граничат и се опфатени со изработката на Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови. Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино . Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 12-07-2012 год.во просториите на месната заедница на село Војшанци во 13 часот. |