ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА РЕЧНИ КОРИТА |
Согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за отстапување на дизел гориво Еуродизел БС од стоковите резерви на Општина Неготино бр.51-7393/1 од 28 декември 2011 година и Акциониот план за чистење на речни корита во Република Македонија за 2012 година, Општина Неготино објавува
Ј А В Е Н П О В И К 1. Предмет на јавниот повик е: ангажирање на градежна механизација за чистење на речни корита согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за отстапување на дизел гориво Еуродизел БС од стоковите резерви на Општина Неготино бр.51-7393/1 од 28 декември 2011 година и Акциониот план за чистење на речни корита во Република Македонија за 2012 година.2. Право на учество во јавниот повик: се повикуваат сите заинтересирани правни лица кои поседуваат градежна механизација и имаат интерес да се вклучат во Акцијата за чистење на речни корита да поднесат барање со листа на расположиви градежни машини и транспортни возила со краен рок на достава на ден 22.06.2012 (петок) во архивата на Општина Неготино. Поднесените барања ќе ги разгледа Комисија во состав : 1.Зоран Лазов 2.Александар Јованов 3.Ѓоке Темелков Со правните лица ќе биде склучен Договор за нивно ангажирање |