До 30-ти септември ќе се реализира обука и гаѓање на Армискиот полигон Криволак Печати
    Поради безбедносно извршување на планираните активности, Командата на гарнизонот Криволак го информира месното население кое гравитира околу Армискиот полигон дека во периодот до 30-ти септември 2022 година на повеќе реони на полигонот ќе се реализира обука и гаѓања. Токму затоа, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока, како и оставање на возила во тие реони, а исто така се забранува и било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е истите да бидат соодветно одбележани и паралелно да се известат надлежните органи од полигонот или најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно одбележани согласно со законските прописи на Армијата, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.