Јавна расправа за отворање нови работни места преку намалување на локалните даноци, комуналии и такси во општина Неготино Печати

   Се известува јавноста од нашата општина дека на ден 09.02.2022 година (среда) со почеток од 18,30 часот во салата за состаноци на општина Неготино ќе се одржи јавна трибина на која ќе се расправа по проектот „Стимулација за инвеститори“. Имено, општина Неготино започна постапка за донесување Правилник со кој ќе се утврдуваат мерките и критериумите за стимулација на инвестиции, односно изградба на нови и проширување на постоечките стопанско-индустриски капацитети. Основната цел на проектот „Стимулации за инвеститори“ е отворање на нови работни места во општина Неготино преку намалување на локалните даноци, комуналии и такси.

ПРАВИЛНИК