Општина Неготино ja известува заинтересираната јавност дека е доставен Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на Урбанистички план вон населено место м.в.„Раткин дол“ за изградба на сончеви фотоволтаични централи на дел од кп.бр.1086/1 КО Неготино, Општина Неготино за плански период 2011-2021 ,која е достапна за увид од 15-12-2011 година до 16.01.2012 година во просториите на Општина Неготино , ул.Ацо -Аџи Илов " 2, Неготино секој работен ден од 08,00 do 16,00 часот. По увидот заинтересираните граѓани ,невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на Студијата во писмена форма до одговорното лице за контакт во Општина Неготино до 16-01-2012 година. Во општина Неготино може да го најдите Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на УПВНМ м.в.„Раткин дол“ за изградба на сончеви фотоволтаични централи на дел од кп.бр.1086/1 КО Неготино, Општина Неготино ,плански период 2011-2021 е Општина Неготино,исто така и на општинската веб страница www.negotino.gov.mk. Нa 16.02.2012 година ќе се одржи јавна расправа по Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина во просториите на општина Неготино во 13 часот Извештај за стратегиска оцена на животната средина на Урбанистички план вон населено место м.в.„Раткин дол“ за изградба на сончеви фотоволтаични централи Контакт лице: Лилјана Нечева Општина Неготино Ул."Ацо Аџи Илов " 2, 1440 Неготино Tel. 043/361 045 lok. 028
|