С О О П Ш Т Е Н И Е |
Врз основа на член 24 став 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ број 51/05, 137/07, 91/09, 124/10 и 18/11год.) Градоначалникот на Општина Неготино, го дава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот Нацрт- Урбанистички план вон населено место за изградба на сончеви фотоволтаични централи на дел од КП 1086/1 КО Неготино м.в. Раткин дол Општина Неготино, дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање на: ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА По Нацрт- Урбанистички план вон населено место за изградба на сончеви фотоволтаични централи на дел од КП 1086/1 КО Неготино м.в.Раткин дол Општина Неготино, со проект број 62/11 од 2011год., изработен од Друштво за градежништво, трговија и производство ,,Прекан проект,, Прилеп. Нацрт- Урбанистички план вон населено место за изградба на сончеви фотоволтаични централи на дел од КП 1086/1 КО Неготино м.в.Раткин дол Општина Неготино, со проект број 62/11 од 2011год., изработен од Друштво за градежништво, трговија и производство ,,Прекан проект,, е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 01-11-2011 год. Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен во просториите на Општина Неготино, 10 работни дена од 07-11 -2011 до 21-11-2011 год. секој работен ден од 08до 16 часот. Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во архивата на Општина Неготино . Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 17-11 -2011 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 часот. |