С О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета ДУП за урбана единица 6, дел од блок 19, општина Неготино |
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното С О О П Ш Т Е Н И Е за повторно организирање на јавна презентација и јавна анкета ДУП за урбана единица 6, дел од блок 19, општина Неготино Граници на опфатот сe: на северозападната страна е улица „Пекарев“, на исток улица „Јане Сандански“ и на југозападната страна е улица „Ацо Аџи Илов “. Опфатот е со површина од 1,17 ха. Повторната јавната анкета и јавната презентација по ДУП за урбана единица 6, дел од блок 19, општина Неготино, со технички број 03-230/16 од февруари, 2021 година, изработен од „НИМАЕР“ ДООЕЛ Струга д.е. Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на општина Неготино. Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни денови и тоа од 26.02.2021 година до 04.03.2021 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот. Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови. Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 03.03.2021 година во 13.00 часот во просториите на општина Неготино. UZ_6_BLOK 19 |